spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Развиеноста на женското претприемништво е доказ за успешноста на една држава

МЕ: Развиеноста на женското претприемништво е доказ за успешноста на една држава

 

Улогата на жената во секојдневниот живот, а исто така и во развојот на економијата е многу голема и жените претставуваат битен фактор во креирање на севкупната политика и економски развој. Развиеноста на женското претприемништво е доказ за успешноста на една држава, порача министерот за економија Крешник Бектеши на Самитот за женско претприемништво „Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата“ кој се одржа денеска.

„Министерството за економија препознавајќи ја  улогата на жените во сите сфери на општеството, а посебно во делот на економските активности, почнувајќи од 2012 година секоја година реализира мерка за финансиска поддршка за женско претприемништво и тоа преку кофинансирање на трошоци за набавка на опрема и уредување на деловниот простор за претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, а во 2023 година за дигитализација на деловни процеси и тоа преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци. Со Стратегија за развој на женското претприемништво 2019-2023 која Министерството за економија ја донесе во 2018 година, ги дефиниравме и стратешките приоритети кон кои се стремиме, а со усвоениот Акциски план дефиниравме конкретни мерки и активности за остварување на поставените цели“ кажа министерот Бектеши.

Според министерот, воведувањето на стимулативни критериуми со кои при евалуација на апликациите/проектите поднесени од жени, а кои се субвенционираат од страна на државни институции, е само една од мерките во Стратегијата,  која веќе се имплементира од повеќето владини институции вклучително и Министерството за економија.

„Исто така, еден од стратешките приоритети на Стратегија за развој на женското претприемништво 2019-2023 е промоција на женското претприемништво преку реализација на повеќе мерки и активности меѓу кои и воведување на годишни награди за жени претприемачи. За реализација на активноста – воведување на годишни награди за жени претприемачи, Министерството за економија како институционален покровител и  Националната платформа за женско претприемништво во 2021 година потпишаа меморандум за соработка и по трет пат оваа година организираат „Избор на Жена – Претприемач“.  Изборот се спроведува преку селекција на најдобрите компании во сопственост и управувани од жени врз основа на официјални податоци од завршните сметки на претпријатијата за последните три години, кои Министерството за економија ги обезбеди од Централниот Регистар“ кажа Бектеши.

Како што појасни министерот, со цел наградување на  најуспешните, кои и во време на економска криза успеале да остварат позитивни резултати, а со тоа и да придонесат во јакнење на целокупната економија, побаравме од Централниот регистар да ги селектира компаниите кои ги исполнуваат следните критериуми:

–           Основната дејност да не е трговија;

–           Да се активни последните 3 години;

–           Претпријатието да биде во сопственост на жена над 50 % и управител да биде жена во истото;

–           Да бидат минимум 51% во домашна сопственост,

–           Секоја наредна година да остваруваат поголем приход;

–           Секоја година да остваруваат добивка;

–           Секоја наредна година да го зголемуваат бројот на вработените;

–           Во Регистарот на вистински сопственици да биде евидентирана жена сопственик.

„Според добиените податоци од Централен регистар, бројот на компаниите кои се селектирани според истите одредени критериуми, во 2022 година во однос на 2021 година е зголемен од 73 на 98 компании, односно за 34,25%, што претставуваа значаен показател дека се постигнуваат поставените цели за поттикнување на жените за започнување на сопствен бизнис. Може да констатираме дека мерките за стимулирање на жените за започнување на свој бизнис кои Владата ги реализира  секоја година, како и активностите кои произлегуваат од Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија, ја постигнале целта за зголемување на бројот на жените кои отвориле сопствени бизниси и постигнале позитивни резултати во своето работење“, кажа Бектеши и потенцираше дека, повеќе од потребно е да се промовираат и да се наградуваат ваквите успешни компании кои воедно се и мотивација за останатите.

“Министерството за економија и во иднина ќе продолжи со поддршка на сите активности за промовирање на женското претприемништво, но и со имплементација на мерки за подобрување на условите за водење на бизнис на жените претприемачи како и со конкретна финансиска поддршка за компаниите во сопственост и управувани од жени“ кажа министерот.

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте