spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Николовски ги потпиша 133 договори за поддршка во набавка на...

МЗШВ: Министерот Николовски ги потпиша 133 договори за поддршка во набавка на опрема на малите производители на храна од неживотинско потекло

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги потпиша 133 договори за поддршка во набавка на опрема на  малите производители на храна од неживотинско потекло. Со оваа мерка за финансирање на производителите на храната од неживотинско потекло  од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година се дава финансиската поддршка  до 10.000 евра за  трошоците за набавка на опрема за производство на храна и трошоците за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна).

Право на учество на овој јавен  имаа земјоделски стопанства кои што се: запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од неживотинско потекло, согласно Правилникот за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата кои треба да се исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики за храна од растително потекло.

Листата на корисници може да ја погледнете овде:

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ??

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте