spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССОдржан национален состанок како дел од проектот AGRI-EW – Зајакнување на работниците...

Одржан национален состанок како дел од проектот AGRI-EW – Зајакнување на работниците за подобри информации, консултации и учество во земјоделскиот сектор

На 24.11.2023 година, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија го одржа Националниот состанок како дел од проектот AGRI-EW – Зајакнување на работниците за подобри информации, консултации и учество во земјоделскиот сектор.

Проектот Зајакнување на работниците за подобри информации, консултации и учество во земјоделскиот сектор (AGRI-EW) е започнат во декември 2022 и е со времетраење од 20 месеци. Носител на истиот е Federazione nazionale agricoltura од Италија, додека освен КСС партнери се и: Zwiazek Zawodowy Pracownikow Rolnictwa w Rzeczypospolitej Polskiej од Полска, Federación de Asociaciones de Jóvenes Empresarias y Empresarios de Castilla-La Mancha од Шпанија, Neodvisni sindikat delavcev slovenije од Словенија и Federation of Polish Entrepreneurs  од Полска. Како придружни партнери на овој проект се јавуваат: Asociación Industrial Técnica y de Comercio од Шпанија, Asociatia pentru promovarea alimentului romanesc од Романија, Federatia Nationala Sindicala “CERES” (FNS “CERES”) од Романија, Serbian young farmers association SUMP од Србија и As.N.A.L.I – Associazione Nazionale Autonoma Liberi Imprenditori од Италија.

Главната цел на проектот е подобрување на партиципативните процедури во земјоделскиот сектор, што ќе резултира со споделување на најдобрите транснационални практики меѓу социјалните партнери.

За време на националниот состанок се презентираше направеното истражување и изготвениот националниот извештај кој што е направен врз база на спроведеното истражување. Воедно се презентираше и Практичниот прирачник за зајакнување на учеството на работниците во земјоделството.

За време на националниот состанок присутните потенцираа и дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во земјоделскиот сектор а тоа е дека има најголема смртност во земјоделскиот сектор, потоа има најголеми проблеми со безбедноста и здравјето при работа а  нема ни официјални поплаки од земјоделците и се е оставено само на неформални изјави. Воедно се констатираше дека вработените во земјоделскиот сектор немаат никаква структура за да се здружат а и не постојат ни синдикати каде би се здружиле со што потребно е да се подигне свеста за да почнат да се здружуваат.

Присутните на состанокот дојдоа до заклучок дека за да се реши проблемот само пари не ги решаваат проблемите и дека пред се треба да има добра реорганизација. Воедно бидејќи млади луѓе не се занимаваат со земјоделство потребно е да се најде начин како тие млади луѓе да се мотивираат и задржат во земјоделскиот сектор.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија

 

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...