Со асфалтирање на коловозот завршуваат градежните работи за реконструкција на кракот од улицата 16та Македонска Бригада во Железара, oвој крак од улицата целосно се реконструира по цели 50 години.
Со реализацијата на овој проект овозможуваме полесен пристап на граѓаните кои се лекуваат во поликлиниката Железара, како и на лицата кои го посетуваат центарот за дијализа.
Како локална самоуправа продолжуваме со реализација на големата акција за асфалтирање на локални улици во населените места низ општина Гази Баба.
Извор: Општина Гази Баба