spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирана улица во Бунарџик

Илинден: Асфалтирана улица во Бунарџик

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура, со цел да се обезбедат квалитетни услови за живот на граѓаните. За таа цел извршено е асфалтирање на главната улица во населеното место Бунарџик, која го опфаќа пристапот до ПОУ Ристо Крле, Домот на култура и игралиштето за мал фудбал во вкупна должина од 650 метри.

Со градежните активности се изврши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 650 метри, се направија  отворени одводни канали кои ќе ја зафатат атмосферската вода од локалната улица, како и се поставија цевасти пропусти под трупот на патот, се со цел да се одведе површинската и високото ниво на подземни води.

Оваа улица е од големо значење за жителите на населеното место Бунарџик бидејќи со реализација на овој проект значително ќе се подобри патната инфраструктура во населеното место, ќе се зголеми безбедноста како и ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...