spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГрковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата...

Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Северна Македонија беше главна точка на денешната седница на  Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело се осврнаа на наодите и препораките во извештајот на ЕК и информираа за тековните и идните чекори кои ги преземаат во рамки на своите надлежности.

Посочувајќи дека извештаите на Европската комисија секогаш даваат реална слика, вицепремиерката Грковска истакна дека сите институции треба сериозно да ја сфатат својата задача и да дадат директен придонес за во најкраток можен рок да се унапредат состојбите во однос на справувањето со корупцијата.

„Целта треба да ни е иста на сите. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој функционира непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Нема преку ноќ радикални промени, но мора, што е можно побрзо, секој во делот на своите ингеренции да го направи тоа што е потребно“,  истакна вицепремиерката Грковска.

Во таа насока, на состанокот беа донесени заклучоци до 15 декември да се направи пресек на законските решенија кои се изготвени, но се заглавени во собраниска процедура, пресек на потребните дополнителни измени на законски и подзаконски акти од оваа област, да се дефинираат конкретни активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои практично ќе претставуваат акциски план за работата на Меѓуресорското тело, како и да се изготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и на кредитираните проекти.

На седницата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, кои во својство на набљудувачи ја следат работата на Меѓуресорското тело.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте