spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБитиќи: Горд што заедно ја креиравме Националната развојна стратегија, таа е за...

Битиќи: Горд што заедно ја креиравме Националната развојна стратегија, таа е за сите нас

Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија, каде беше презентиран првиот драфт на документот кој претставува визија за развој на државата за следните 20 години.

 

 

Во продолжение, интегрално го проследуваме обраќањето на вицепремиерот Битиќи:

„Почитуван амбасадор на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш,

Почитувана Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во нашата земја,

Почитуван Ендру Бренд, раководител на програмскиот тим од Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија,

Почитувани граѓани, колеги, партнери,

Среќен сум што сме денеска тука и што ќе можеме заедно да го гледаме веќе првиот драфт на нашата заедничка визија за развој на државата за следните 20 години. Веќе скоро две години го водиме можеби најобемниот, најкомплексен процес,  но според мене и еден од најважните кои сме ги започнале од нашата независност.

Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи. Ова е еден од предусловите за да се осигураме дека Националната развојна стратегија ќе биде НАША, на сите нас. И сите ќе се грижиме за нејзино реализирање, затоа што заедно сме ја креирале.

А зошто ни е важно да ја имаме оваа заедничка договорена консензуална визија за развојот на нашата држава. Затоа што е важно да имаме општествен консензус или договор за тоа кои се нашите државни интереси, да ги измапираме ресурсите и како сакаме да ги насочиме, кои ќе бидат нашите приоритети и како ќе стигнеме до нивното постигнување. Затоа е важно нашата заедничка визија да е доволно реална и прецизна за тоа каде се наоѓаме, но доволно далеку гледа и оптимистична за тоа каде за 20 години треба и можеме да стигнеме. И ако ова не е доволно комплексно, да утврдиме кои се чекорите како тоа ќе го постигнеме, кои се ресурсите и начинот на нивно усмерување и искористување кои ќе не доведат до посакуваната цел.

Сето ова заедно го направивме, им благодарам на сите вклучени, сите кои во овие скоро две години даваа коментари, целиот тим на експерти кој работеше на стратегијата и домашни и интернационални, нашите развојни партнери, Собранието, кабинетот на претседателот, мојот кабинет и секој еден граѓанин кој со својот придонес дал дел од себе за наша заедничка подобра иднина. За подобра иднина на нашата држава.

Денеска ќе го гледаме заедно првиот драфт, набрзо и ќе го затвориме конечниот текст и на крај стратегијата ќе оди на гласање во Собранието, каде очекувам да биде едногласно усвоена. И ова не го кажувам како непоткрепен оптимизам или надеж, туку затоа што знам дека при процесот на креирање сите беа консултирани, вклучително и сите политички партии, преку активното учество на Собранието во целиот процес.

Мислам дека сите со мене ќе се согласите дека ресурси имаме, она што можеме подобро да го правиме е нивно системското координирање без промена на заедничките приоритети во зависност од политичката волја. На овој начин ќе можеме да постигнеме долгорочни и поинтензивни резултати.

Затоа сметам и сум горд што заедно ја креиравме и веќе го гледаме крајот за донесување на Националната развојна стратегија. Ова е за сите нас.

Ви благодарам“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...