spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Набавени ИТ опрема за безбеден пристап до дигитални образовни ресурси...

МОН: Набавени ИТ опрема за безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 основни училишта

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка.

Во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет пристап во сите училници, кабинети, канцеларии, спортски сали и придружни објекти, а паралелно се поставуваат и заштитни firewall- уреди, кои гарантираат безбеден пристап, со тоа што истите се приклучени на централен систем за управување во МОН кој го контролира пристапот до содржините на интернет, оневозможувајќи отворање на веб сајтови што на глобално ниво се означени како страници со несоодветна содржина.

Активноста е дел од заложбите за забрзување на процесот на дигитализација на образованието, како глобален тренд кој овозможува бројни придобивки за граѓаните, ја подигнува флексибилноста на воспитно – образовниот систем и најважно, ги заштитува учениците од влијанието на несоодветни содржини.

Потсетуваме дека претходно, во текот на оваа календарска година, за повеќе училишта МОН набави и нови персонални и преносни компјутери, смарт табли, 3Д скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци и слично. Дополнително, беа набавени нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија, а се обезбедија и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта, со што наставата значително се модернизираше.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Актите кои ги носи секторот Инспекторат ќе бидат достапни на...

0
Заради поголема транспарентност и отчетност кон јавноста, Општина Карпош на својата официјална веб страница ќе ги објавува актите кои на неделно ниво произлегле, односно...