spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија да оди напред кон ЕУ со превземање на одговорноста за...

Северна Македонија да оди напред кон ЕУ со превземање на одговорноста за усвојување на уставните амандмани

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент.

На средбата европратениците се сложија дека движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на Европското семејство.

Во различни изјави беше напоменато дека исклучително сложената геостратешка ситуација произведе препораки со кои е донесена Резолуцијата за проширување,  заснована на препораките од Конференцијата за иднината на Европа имајќи ги предвид и постоечкиот контекст, предизвиците и повеќекратните кризи со кои се соочуваат Унијата и светот како целина.

Заклучокот беше дека социјалдемократската политика претставува предводник за мирот, спроведувањето на демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои биле опфатени со претходните проширувања.

Во дискусијата пратениците се согласија дека Европскиот фронт е сигурна патека за водење на земјите од Западен Балкан кон успешно вклучување во Европската Унија. Прогресивната алијанса на Европа е движечка сила која му носи просперитет на општеството истовремено го зацврстува, гради во економски стабилна и сигурна средина.

Европратениците ја истакнаа важноста на превземањето на обврските на македонскиот парламент кој во овие важни моменти потребно е да ја превземе одговорноста со усвојување на уставните амандмани и овозможување на државата да оди напред кон реализација на европската агенда и полниправно членство во ЕУ.

За крај европратениците и посакаа на македонската делегација да се придружат на европарламентот и тоа час поскоро, истакнувајќи дека Северна Македонија припаѓа на Европското семејство, без сомнение дека Северна Македонија ќе успее да биде дел од Унијата до 2030 година, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...