spot_img
spot_img

МП: Лога – Насилството врз жените и девојчињата не смее да биде приватна работа, кривична одговорност мора да има

МинистерстваМП: Лога - Насилството врз жените и девојчињата не смее да биде...

Најчитано

#ОбединетиПротивНасилство#ДостаE#

Во нашата држава има пораст на пријавени случаи на семејно насилство при што во 90% од случаите жените се жртви на ова насилство.

Министерот за правда Кренар Лога присуствуваше на Регионалната конференција ,, Обединети против насилство -Доста е” која се одржа во Приштина.

 ,,Насилството спрема жените и девојчињата е меѓу најзастапените повреди на човековите права. Тоа не смее да биде приватна работа и мора да има соодветен кривично правен одговор. Поради тоа неопходно е нашите активности dа вклучуваат: Криминализирање на делата на насилство према жените и девојчињата”,рече во своето обраќање министерот за правда Кренар Лога.

На глобално ниво податоците покажуваат дека:

Повеќе од пет жени или девојки се жртви на убиства секој час од некој во нивното семејство,

Речиси секоја трета жена била изложена на физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во животот.

86% од жените и девојките живеат во земји без правна заштита од родово базирано насилство.

Со овогодинешната кампања инвестирај за превенција на насилството спрема жените и девојчињата се приклучуваме на 16 дена активизам против родово базираното насилство  кој започна на 25 ноември на  Меѓународниот ден за елиминација на насилството спрема жените а ќе заврши на 10 декември кога ќе го одбележиме денот на човековите права.

Република Северна Македонија беше меѓу првите земји која што во 2011 ја потпишаа Истанбулската Конвенција, која влезе во сила во Јули 2018 година

Во фебруари 2023 година е донесен Законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик со кој се изврши хармонизирање со Истанбулската конвенција.

За прв пат се криминализира родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род.

Се воведуваат нови кривични дела: Фемицид односно убиство на жена ило девојче до 18 години, Осакатување на женски полови органи, Демнење и  Полово вознемирување.

За да спречи виктимизација, жртвите на сите форми на насилство спрема жените и  девојчињата потребно е да добијат навремена и сеопфатна заштита преку сервиси и услуги за подрршка и заштита.

Унапредувањето на системот на пристап до правда за жртвите е приоритет во програмските активности на Министерството за правда. Во 2022 година се донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Истражувањето на ОБСЕ за насилството врз жените во Северна Македонија од 2019 година покажа, меѓу другото, дека 45% од жените доживеале психичко, физичко и/или сексуално насилство извршено од сегашен или поранешен интимен партнер.

Значителен дел од жените во Северна Македонија (37%) посочиja дека нивните пријатели би се согласиле дека жената треба да го слуша својот сопруг. Речиси половина сметаат дека семејното насилство е приватна работа и треба да се постапува во рамките на семејството, а 32% сметаат дека е важно мажот да и покаже на својата партнерка кој е шеф.

Овие традиционални верувања претставуваат значителен предизвик за борба против насилството врз жените во Северна Македонија.

 

Со почит

Министерство за правда

 

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000