HomeМинистерстваМЗ: Со Обединетите Арапски Емирати ќе се зајакнува соработка во здравството

МЗ: Со Обединетите Арапски Емирати ќе се зајакнува соработка во здравството

spot_img
spot_img

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити присуствуваше на првата министерска конференција на 28. Конференција на страните на рамковната конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Меџити, истакнува дека целта на овој министерски состанок, на кој присуствуваат над 100 земји од светот е унифицирање на активностите и пристапот на климатските промени на глобално ниво.

Во рамки на COP28, министерот Меџити оствари средба со министерот за здравство и превенција на ОАЕ, АбдулаРахман Бин Мохамед Аловаис, која воедно се случува првпат меѓу министрите на Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

-На средбата покажавме ентузијазам за соработка, со што се одлучи да се формира комитет под двете министерства, кој ќе работи на изготвување меморандум за соработка. Овој меморандум ќе ја зајакне соработката во областа на здравството, со цел меѓусебна размена на искуства и знаења за унапредување на здравствените системи во двете земји, вели Меџити.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија