spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Со 6 милиони денари преку програмата за рурален развој го започнуваме...

МЗШВ: Со 6 милиони денари преку програмата за рурален развој го започнуваме првиот чекот кон реализација на мастер планот за изградба на ски центарот Царев Врв

Во продолжение е интегрален текст од изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по повод повторно активирање на проектот и започнувањето на првиот дел од активностите за изградба на Ски-центарот Царев Врв, еден од најмодерните на Балканот, проектиран да биде подобар и помодерен од центрите во Банско, Боровец, Брезовица, Копаоник, Стара Гора и Јахорина.

Интегрален текст од изјавата на министерот Љупчо Николовски

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска во Штип остварив средба со директорката и претставниците на Центарот за развој на источниот плански регион, на која го доставив Известувањето за техничка поддршка за користење на средства од Програмата за рурален развој за 2023 година, со кое се означува стартот на почетниот чекор кон реалзиација на уште еден голем капитален проект за развој на североистокот, а тоа е изградбата на Ски центарот Царев Врв.

Во срцето на Осоговските планини, на надморска височина од 2085 метри токму на Царев Врв, ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми ски центри на Балканот.

За реализација на овој проект подготвена е предфизибилити студија, која идентификува развој на поширокиот дел на Царев Врв, преку ски центар со изградба на 59 ски стази со вкупна должина од 59 километри, опслужувани од 9 жичари и 3 ски лифтови. Сместувачки капацитети со 5.600 кревети, како и придружни објекти со вкупна површина од 8.000 м2. Овој значаен проект отвора и нови работни места во планираниот ски центар, хотелските и угостителски обејкти, како и развој на придружните туристички населби Пониква и Калин Камен.

Советот за развој на Источен плански регион во 2019 година, до Владата достави иницијатива за номинирање на Царев Врв и Осоговските Планини за национален приоритет, со цел обезбедување на средства за потребните чекори до реализација и отпочнување со работа на ски центарот Царев Врв.

На моја иницијатива, уште со буџетот за 2021 година, обезбедивме 20 милиони денари, за Центарот за развој на Источниот плански регион, наменети за подготовка на планска документација. За жал, таа година поради енергетската криза, овие средства беа пренаменети во фондот за спроведување на Владините мерки за поддршка на граѓаните и компаниите во услови на енергетска криза.
Иако активностите се одложија, нашата желба и посветност за овој проект продожи и понатаму. На заедничка иницијатива на министерството и Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, заедно со општините Македонска Каменица, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово во месец јуни 2023 година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој обезбедуваме 6 милиони денари преку Програмата за рурален развој, за започнување на активностите за ажурирање на предфизибилити студијата.

Со овој Меморандум го започнуваме првиот чекор кон реализацијата на ски центарот Царев Врв, преку ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија со идеен проект, ажурирани геодетски подлоги, урбанисточко планирање со Стратегиска оцена за влијанието на животната средина.

Со денешното примопредавање на Известувањето од страна на министерствтото, Центарот за развој на источниот плански регион ќе може да ги отпочне процедурите и постапките за ангажирање на оператор, кој ќе го подготви овој документ од стратешка важност за регионот, а истиот ќе биде целосно финансиран од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На овој начин со подготовката на овие значајни документи, се активира повторно проектот за изградба на ски центарот Царев Врв, еден од најмодерните на Балканот, проектиран да биде подобар и помодерен од центрите во Банско, Боровец, Брезовица, Копаоник, Стара Гора и Јахорина.

Дополнително исто така преку програмата за поддршка на руралниот развој преку мерките 321, 322 и 323, за општина Штип и Центарот за развој на Источниот плански регион сме обезбедиле поддршка во вкупна вредност од 56,6 милиони денари.

Средства со кои сме ја поддржале реализацијата на 7 инфраструктурни проекти за подобрување на животот на граѓните во руралните средини. Завршен е проектот за изградба на локален пат за поврзување на селата Вртешка, Кепекчелија и Калузлија со регионален пат Р2431. Потоа проектот за изградба на дел од локален пат од село Шашаварлија до село Кошево. Изградба на улици во село Караорман. Потоа проектот за изградба на пристапен пат од село Оризари, до манастирот Пресвета Богородица. Како и проектот за изградба на локален пат во  селото Љуботен, општина Штип.

Вложуваме во секое едно населено место и како никогаш до сега го развиваме македонскиот исток.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте