spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Министерството за одбрана изби на првото место во регионот според Индексот...

МО: Министерството за одбрана изби на првото место во регионот според Индексот на отвореност, Петровска вели поставивме систем кој даде резултат

Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот според најновиот извештај согласно Индексот на отвореност на Фондацијата Метаморфозис. Северна Македонија, пак, е лидер во однос на отвореноста во споредба со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Министерството за одбрана со 89,72 процентна исполнетост на критериумите во четирите столба, пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност е на првото место, Владата на Република Северна Македонија со 79,14 проценти е второрангирана, додека Министерството за внатрешни работи со 78,9 проценти е на третата позиција. Во однос на четирите столба на кои се основа овој композитен индекс, одбраната предничи во делот на транспарентноста, како и во доменот на интегритетот, каде се исполнети 100 проценти од критериумите.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која се обрати по презентирањето на Индексот на отвореност за оваа година порача дека е горда на достигнатиот успех, за кој рече важна е законската регулатива, но и волјата за нејзино спроведување која е евидентна во Министерството за одбрана.

„Фактот што сме први во ова истражување ме прави горда, меѓутоа тоа е резултат на добар тим, кој е посветен на оваа проблематика чиј приоритет број еден му е транспарентноста на Министерството. Многу е важно да постои законска регулатива која што треба да ја следиме  и клучниот услов за таа законска регулатива да биде имплементирана е да се има волја која во Министерството за одбрана постои“, рече Петровска.

Министерката истакна дека отвореноста на одбраната е воспоставена со правни акти, со правилници, Комуникациска стратегија, но и со посветен тим кој соработува и со граѓанските организации.

„Вратите на сите институции треба да бидат отворени за соработка со граѓанските организации затоа што многу често тие даваат решенија кои можеби институциите и администрацијата во тој момент не можат да ги препознаат. Благодарна сум им на граѓанските организации што секогаш будно ја следат работата на институциите“, истакна министерката.

Транспарентноста е и најдобриот одговор на дезинформациите и лажните вести, порача Петровска, и додаде дека Министерството е подготвено да ги пренесе своите искуства за да се изгради општествена отпорност на овие штетни појави.

„Институциите мора да бидат транспарентни зашто во светот, во регионот и во Северна Македонија постои еден прикриен натпревар за тоа како да се пласираат невистини, како да се изместат институциите, па и општеството од секојдневните активности. Остануваме отворени и се нудиме за помош и поддршка на останатите институции“, подвлече министерката.

Петровска информираше дека во рамките на Министерството подолго време функционира Регионалниот центар за односи со јавноста кој има за задача да се бори со дезинформациите и да помага во транспарентноста и отвореноста. Изминатиот период во овој Центар беа спроведени обуки за градење на општествена отпорност на кои беа презентирани позитивните искуства на одбраната и значењето на транспарентноста во борбата со лажните вести.

Програмската директорка на Фондацијата Метаморфозис, Данче Даниловска Бајдевска укажа на сеопфатноста на Индексот кој е состои од стотици индикатори распоредени во четири подобласти и порача дека овој Индекс е креиран согласно највисоките светски стандарди за отвореност и транспарентност. Даниловска посочи на одличниот резултат на Министерството за одбрана и укажа на потребата од раст на отвореноста и транспарентноста на сите органи во извршната власт.

На панел-дискусијата говореа и Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Константин Битраков, специјалист за спречување на корупција од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Одбраната веќе неколку години има исклучително добри резултати во однос на отвореноста и на активната транспарентност. Согласно Индексот за активна транспарентност, Министерството е позиционирано на првото место четири години по ред, од кои последните три со максимален учинок, односно 100-процентно исполнување на критериумите.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...