На 1 декември 2023 година, во Општина Берово, со почеток во 13:00 часот, се одржи вториот настан во организација на Општина Берово и Агенцијата за млади и спорт во рамки на Проектот за поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени на локално ниво преку вклучување на младите во донесувањето одлуки за политиките за животна средина, поддржан од УНИЦЕФ.
На вториот настан од страна на ангажираниот консултант беше презентирана нацрт-проектната документација на еко-решение за одбраниот проект од страна на младите, Локалниот младински совет и младинските здруженија- ЕКО Иновативна Зона, поставување на паметна монтажна трибина на локација на најфреквентното место во градот каде што младите се собираат и поминуваат поголем дел од слободното време, којшто со мнозинство гласови беше изгласан како приоритетен од младинските предлог-проекти на првиот настан за детектирање еко-проблеми на локално ниво кој беше одржан на 10 октомври 2023.
Целта на овој проект е младите да бидат активни и ангажирани, а токму преку Локалниот младински совет и Службеникот за млади да се вклучат во процесот на креирање на политики на локално ниво преку практикување на активно граѓанство.
Комплетната проектна документација ќе му биде предадена на градоначалникот за да може оваа идеја произлезена од страна на младите да ја преточи во реализација.
Извор: Агенција за млади и спорт