spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Прием за претставници од Интернационалниот параолимписки комитет

АМС: Прием за претставници од Интернационалниот параолимписки комитет

Агенцијата за млади и спорт имаше прием за претставничката од Интернационален Параолимписки комитет Ивана Костадиновиќ, која во присуство на претставници од македонскиот ПОК имаше размена на мислења во правец на условите и можноста за вклучување на лицата со инвалидитет во спортот и спортските активности.

-Еден од главните проблеми кои ги детектираат спортистите и спортските работници кои работат со лица со телесна попреченост е пронаоѓање на млади кои имаат различен вид на попреченост и нивно вклучување во спорт, бидејќи поголем дел од нив свесни за состојбата во која се наоѓаат, различноста која ја чуствуваат, одлучуваат да се повлечат во себе, истакна Костадиновиќ.

Бранимир Јовановски истакна дека постои потреба од специјализирани клубови за лицата со телесен инвалидитет од причина што постои разлика во физичките предизпозиции, а и можностите се поинакви.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ја поддржува секоја идеја која е во насока на подобрување на условите и можноста за пристап и користење на спортските објекти за лицата со попреченост.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...