spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Повик за предлог-проекти за 2024 година

НАЕОП: Повик за предлог-проекти за 2024 година

Врз основа на Решение за објавување на Јавен повик бр. 18-1236/2 од 05.12.2023 година, Националната агенција објавува Повик за предлог-проекти за 2024 година на Европската Комисија за програмата Еразмус+

Службен весник на Европската Унија
EN
Series C
C/2023/1262 28.11.2023 година

Повик за предлог-проекти 2024 година – EAC/A07/2023

Програма Еразмус+

(C/2023/1262)

  1. 1.   Вовед и цели

Овој повик за предлог-проекти се заснова на Регулативата (ЕУ) 2021/817 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување Еразмус+: Програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) (во натамошниот текст „Регулатива за Еразмус+“ ) како и на Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2024 година (C(2023) 6157). Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата Еразмус+ се наведени во член 3 од Регулативата Еразмус+.

  1. 2.   Aкции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следните акции од Програмата Еразмус+:

  Kлучна Aкција 1 (KA1) – Мобилност за учење на поединци:

Мобилност на поединци во областа на образованието, обуката и младите
Активности за младинско учество
DiscoverEU – Aкција за инклузија
Виртуелни размени во високото образование и младите
Мобилност на кадар од областа на спортот
KлучнаAкција2 (KA2) – Соработка меѓу организации и институции

Партнерства за соработка:

Колаборативни пратнерства
Партнерства од мал обем
Партнерства за извонредност:

Центри за стручна извонредност
Еразмус+ Академии за наставници
Aкција Еразмус Мундус
Партнерства за иновации:

Сојузи за иновации
Градење на капацитети во областа на високото образование, стручното образование и обука, младите и спортот
Непрофитни европски спортски настани
KлучнаAкција3 (KA3) – Поддршка за развој на политиките и соработката

Европските млади заедно
Жан МонеАкции:

Жан Моне во областа на високото образование
Жан Моне во други области на образованието и обуката

Секое јавно или приватно тело активно на полето на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не нужно во контекст на младинска организација, може да аплицираат за финансирање мобилности за учење на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија.

Следниве земји можат целосно да учествуваат во сите акции на Програмата Еразмус+ (2):

27-те земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји и територии;
трети земји поврзани со Програмата;

земјите од ЕФТА/ЕЕА: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка;
Земјите кандидати за членство во ЕУ: Република Турција, Република Северна Македонија и Република Србија (3).

Дополнително, одредени акции на Програмата Еразмус+ се отворени за организации од трети земји кои не се поврзани со Програмата.

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за 2024 година за повеќе детали за начините на учество.

  1. 4.   Буџет и времетрање на проектите

Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог-проекти се проценува на 3.681,76 милиони евра:

Образование и обука: EUR 3.256,61 милиони
Млади: EUR 336,28 милиони
Спорт: EUR 63,12 милиони
Жан Моне: EUR 25,75 милиони

Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата повторна распределба е наведен во Годишната програма за работа на Еразмус+ за 2024 година, усвоена на 18 септември 2023 година, и може да биде изменет под услов на измена на Годишната програма за работа на Еразмус+. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ја консултираат Годишната програма за работа на Еразмус+ и нивните амандмани, објавени на:

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en

Доделените грантови, како и времетраењето на проектите варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот, видот на апликантите што ги исполнуваат условите и бројот на вклучени партнери.

Корисниците може да ги пријават трошоците за работата извршена од волонтери во рамките на акција врз основа на единечни трошоци одобрени и дефинирани во Одлуката на Комисијата (2019) 2646. Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за подобноста на волонтерските трошоци.

  1. 5.   Краен рок за поднесување на апликациите

Сите рокови за поднесување на апликациите наведени подолу се според бриселско време.

KлучнаAкција1
Мобилност на поединци во областа на високото образование 20 февруари 2024 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областите на стручното образование и обука (VET), училишното образование и образованието на возрасни 20 февруари 2024 година во 12:00 часот
Мобилност на кадар од областа на спортот 20 февруари 2024 година во 12:00 часот
Меѓународна мобилност која вклучува трети земји кои не се поврзани со програмата 20 февруари 2024 година во 12:00 часот
Еразмус акредитации во стручното образование и обука (VET), училишното образование и образованието на возрасни 1 октомври 2024 година во 12:00 часот
Еразмус акредитации во областа на младите 1 октомври 2024 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 20 февруари 2024 година во 12:00 часот
Мобилност на поединци во областа на младите 1 октомври 2024 година во 12:00 часот
DiscoverEU – Aкција за инклузија 20 February 2024 at 12:00
Виртуелни размени во областа на високото образование и младите 25 април 2024 година во 17:00 часот

 

Kлучна Aкција2
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите, освен оние поднесени од европски НВО 5 март 2024 година во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на образованието, обуката и младите поднесени од европски НВО 5 март 2024 година во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на спортот 5 март 2024 година во 17:00 часот
Партнерства за соработка во областа на младите освен оние поднесени од европски НВО 1 октомври 2024 година во 12:00 часот
Партнерства од мал обем во областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите 5 март 2024 година во 17:00 часот
Партнерства од мал обем во областа на училишното образование, стручното образование и обука, образованието на возрасните и младите 1 октомври 2024 година во 12:00 часот
Партнерства од мал обем во областа на спортот 5 март 2024 година во 17:00 часот
Центри за стручна извонредност 7 мај 2024 година во 17:00 часот
Еразмус+ Академии за наставници 6 јуни 2024 година во 17:00 часот
Акција Еразмус Мундус 15 февруари 2024 година во 17:00 часот
Сојузи за иновации 7 март 2024 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на високото образование 8 февруари 2024 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на стручното образование и обука 29 февруари 2024 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на младите 6 март 2024 година во 17:00 часот
Градење на капацитети во областа на спортот 5 март 2024 година во 17:00 часот
Непрофитни европски спортски настани 5 март 2024 година во 17:00 часот

 

Kлучна Aкција3
Европските млади заедно 7 март 2024 година во 17:00 часот

 

Жан Моне Акции и Мрежи 1 февруари 2024 година во 17:00 часот

Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални инструкции за поднесување на апликациите.

  1. 6.   Подетални информации

Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус+ за 2024 година на следната интернет адреса:

  http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide

Водичот за програмата Еразмус+ е составен дел на овој повик за предлог-проекти и условите за учество и финансирање изразени во него целосно важат за овој повик.

(1)   OJ L 189, 28.5.2021, p. 1.

(2)  Жан Моне Акциите се отворени за организации од целиот свет.

(3)  Предмет на потпишување на билатералните договори за асоцијација

ELI: http://data.europa.eu/eli/C/2023/1262/oj

ISSN 1977-091X (електронско издание)

 

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...