spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Бајдевски панелист на шестата Националната конвенција за Европската Унија во Република...

МИОА: Бајдевски панелист на шестата Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), во организација на Европското движење во РСМ

На шестата Национална конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), организирана на тема: „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европска иднина“, заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски говореше на сесијата: ,,Спречување и борба против корупцијата: Добро управување, закони, институции и одговорност за заштитата на јавните интереси на државата“.

Бајдевски се осврна на активностите и заложбите во однос на Партнерството за отворена власт, но и на унапредувањето на законските решенија, на кои во изминатиов период интензивно се работеше и веќе се во собраниска процедура, а при процесот на подготовка земени се предвид дел од препораките на Државната комисија за спречување на корупција и Извештајот за проценка на ранливост од корупција при вработување во јавниот сектор.

,,Со предлог Законот за административни службеници се создаваат услови за подобрување на постапките за вработување на административните службеници преку формирање на соодветни и професионални комисии. Исто така, се прецизира постапката за кариерен развој и се уредува работата на комисијата за контрола на постапките за вработување преку утврден план за работа и изработка на извештаи со наоди и препораки. Предлог Законот за вработени во јавниот сектор го воведува начелото за забрана на дискриминација и воведува Етички кодекс на вработените во јавниот сектор, овозможува еднаков пристап на работни места во јавниот сектор, стручност и компетентност, соодветна и правична застапеност, родова еднаквост и инклузивност“, рече Бајдевски.

Во однос на Предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, заменикот министер посочи дека, Законот меѓу другото предвидува формирање на Центар за стручно усовршување и обуки, каде ќе се вршат и обуки за интегритет, спречување на корупција и конфликт на интереси.

Од голема важност, рече Бајдевски, е и Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација на јавниот сектор, кој предвидува формирање на Агенција за дигитализација, при што потенцираше дека дигиталната трансформација на општеството е исклучително битен сегмент против корупцијата.

,,Преку прифаќање на дигиталната трансформација во јавниот сектор со фокус на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста, можеме значително да ја намалиме ранливоста во однос на корупцијата. Со дигитализацијата, информациите за јавните политики, расходите и процесите за донесување на одлуки се лесно достапни за јавноста, со што се обезбедува следење на трансакциите и процесите на одлучување, се намалува потребата за интеракции лице в лице“, рече заменикот министер Бајдевски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...