spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Одржана конститутивната седница на Секретаријатот за РЈА

МИОА: Одржана конститутивната седница на Секретаријатот за РЈА

Вчера се одржа конститутивна седница на Секретаријатот за РЈА со која претседаваше Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

На оваа седница беше разгледана новата Стратегија за реформа на јавна администрација 2023 – 2030 со акциски план и беа презентирани предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, како и Нацрт верзијата на Законот за инспекциски надзор .

 

На дневен ред на конститутивната седница беше и Воведувањето на ИТ алатка за следење на имплементацијата  на Стратегијата за реформа на јавната администрација, како и Информацијата за спроведување на оценска мисија на СИГМА.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

0
Почитувани даночни обврзници, Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со...