spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Издадена 22 емисија - Обврзници за денационализација на износ од 4,5...

МФ: Издадена 22 емисија – Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

Министерството за финансии ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.
 
Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи. Номиналната вредност на една обврзница е 1 евро, а каматната стапка е 2% годишно. Номиналната вредност и каматата на имателите на обврзници се исплаќа во период од 10 години. Исплатата на каматата и номиналната вредност се врши еднаш во годината, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2024 година. Имателите на обврзници за денацонализација, исто така , може да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост.  Со обврзниците за денационализација може да се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза.
 
Република Северна Македонија согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата на Република Северна Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.
 
Државата досега има издадено 21 емисија на Обврзница за денационализација на износ од  391,2 милиони евра. Обврзници за денационализација се издаваат почнувајќи од 2002 година.

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...