Во изминатиов период се реконструираше кровот на училиштето, дел од училниците, се постави нова училишна ограда и нови спортски реквизити.
Градоначалникот се дружеше со учениците и изигра добра партија одбојка.
Следуваат нови сериозни инвестиции во ова училиште.
Градоначалникот Дарко Костовски упати пофалби кон директорката и персоналот за посветената работа.
Извор: Општина Бутел