spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Нацрт Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

МИОА: Нацрт Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Министерството за информатичко општество и администрација во тесна соработка со Советот за Партнерство за отворена власт и Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт подготви нацрт Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година кој вклучува широк спектар на достигнувања кои Владата ќе ги преземе следните две години се со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на институционалните механизми за борба против корупција, партиципативно днесување на одлуки, пристапот до правда, дигитализацијата и климатските промени.

Преку оваа глобална иницијатива, Република Северна Македонија преку пет акциски планови (2012-2014; 2014-2016; 2016-2018, 2018-2020 и 2021-2023) има постигнато значајни постигнувања во различни важни области вклучително фискалната транспарентност и отворени финансии, соработката со граѓанското општество, пристапот до информации од јавен карактер, партиципативното креирање на политики, јавни услуги, поволна правна средина за социјални договори, отворени податоци, спречувањето на корупцијата, јавните набавки, транспарентноста на локално ниво, пристапот до правда и климатски промени.

Искуствата од претходните акциски планови, препораките од механизмот за независно известување и насоките од Советот за ПОВ беа основна водилка во организирање и спроведување на процесот на подготовка и развој на заложбите во овој акциски план кој ги адресира тековните општествени предизвици.

Министерството за информатичко општество и администрација ги повикува сите засегнати страни, институции, невладини организации и заинтересирани граѓани да испратат свои предлози, препораки и коментари на нацрт Националениот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Вашите коментари и предлози можете да ги доставите најдоцна до 11.01.2024 година на Единствениот национален регистар на прописи-ЕНЕР.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...