spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Го забрзуваме развојот на Делчево, даваме континуирана поддршка на...

МТВ: Бочварски – Го забрзуваме развојот на Делчево, даваме континуирана поддршка на сите општини

Сите улици и мостови кои беа оштетени од поплавите во Делчево, експресно ги саниравме и овозможивме граѓаните да можат да ги извршуваат сите тековни обврски нормално.

Дополнително преку Министерството извршивме и санација не неколку други улици во општинита со што Делчево доби нов лик, урбан развој и побезбеден сообраќај, истакна министерот Бочварски при денешната посета на општина Делчево.

 

Министерот Бочварски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за животна средина, Каја Шукова и градоначланикот на општината, Горан Трајковски ги посетија реконструираните улици во градот.

 

Централната власт е најголемиот инвеститор и поддржувач на општините. Овде во Делчево успеавме да реконструираме голем број на улици, решивме дел од комуналните проблеми и со тоа ги подобриме условите за граѓаните, но и создадовме забрзан развој на градот, потенцираше министерот Бочварски.

 

„Завршивме со реконструкција на кракот од булеварот Македонија кој беше оштетен по обилните поплави кои го имаа зафатено регионот на Делчевско. Исто така, заедно со ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта извршивме реконструкција и на улицата Царевоселска, Голачка, на улиците Јане Сандански и Иво Лола Рибар, како и на оштетениот мост на влезот на Делчево. Дополнително, Министерството за транспорт и врски преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта вложува средства во висина од над 780 илјади евра во општина Делчево, а до сега преку овој Проект ги реконструиравме улиците Орце Николов, Скопска, ул. Острец и патот кон населеното место Тработивиште. Во делот на комуналната инфраструктура, комплетно завршивме со реконструкција на водоводната мрежа, како и со проектот за одделување на фекална од атмосферска канализација во населеното место Милково Брдо, со што само во последните 12 месеци инвестиравме над 330 илјади евра. И сите овие проекти значат напредок и развој на Делчево, значат подобар живот на граѓаните”, изјави министерот Бочварски.

 

Тој додаде дека Владата преку Министерството за транспорт и врски на општина Делчево пред неколку дена и додели неповратни средства  во висина од 14,5 милиони денари за изградба на дел од булевар Македонија, потоа за изградба на краци на ул. Орце Николов и за изградба на краци на улиците 3 и 5 во населбата Пролет.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...