spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Пет нови ЕХО апарати и друга опрема во поликлиниката Чаир

МЗ: Пет нови ЕХО апарати и друга опрема во поликлиниката Чаир

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети поликлиниката Чаир по повод набавена нова опрема од самата установа. Станува збор за два нови ЕХО колор доплер апарати за кабинетот за дојка во поликлиниката Чаир, а вториот е планиран за одделот по интерна медицина којшто ќе биде со кардиолошка сонда.

-Денес сме во посета на поликлиниката Чаир по повод зајакнување на оваа јавно-здравствена установа со набавка на нова опрема. Станува збор за пет нови дигитални ЕХО колор доплери апарати – инвестиција од самата установа, наменета за Здравствен дом-Скопје. Станува збор за ЕХО колор доплер апарат, поставен во кабинетот за дојка во Поликлиниката Чаир, а вториот е планиран за одделот по интерна медицина, што ќе биде со кардиолошка сонда.

 

Во поликлиниката, стариот апарат за гастроскопија е заменет со нов современ гастроскоп. Во тек е подготовка на нов кабинет за ортопедија што ќе ги покрие потребите од ваквите здравствени услуги во овој дел од градот Скопје. Покрај ова, тука е поставен и нов генератор за производство на електрична енергија.

Во изминатиот месец е инсталиран и комплетно имплементиран пакс систем во сите рендген кабинети во Здравствен Дом Скопје. Со ова, овозможивме полесен пристап на сите лекари радиолози до рентген дијагностики што се изведуваат тука.

Како Министерството за здравство сме силно посветено кон подобрување на условите во јавното здравство преку набавка на нова опрема, реконструкции и вложување во човечкиот капитал. Во тек на септември се реализирани 42 нови вработувања во Здравствениот дом Скопје. Од нив, 22 доктори на медицина се вработени во службата за итна медицинска помош.

Исто така, во декември се реализирани и 26 нови вработувања за новата поликлиника Сарај која е комплетно опремена со нов мебел и набавена е нова медицинска апаратура.

Годинава, направивме позитивни промени во здравствениот систем. Продолжуваме и во следниот период да вложуваме во здравствените работници и да се грижиме за нашите пациенти”, изјави министерот Меџити.

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЖСПП: Продолжува соработката со УНЕП во спроведување на политиките за заштита...

0
На денешниот состанок на Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП)...