spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Повик за учесници - Kick-off средба – Европска недела на младите...

НАЕОП: Повик за учесници – Kick-off средба – Европска недела на младите 2024 година

Kick-off средба – Европска недела на младите 2024 година

 

12 април 2024 година | БриселБелгија (5 учесници)

 

Тема: Демократијата на дело

 

Главната цел на средбата е да се зајакне гласот на младите и нивната визија со цел промовирање на активно граѓанство и демократијата во Европа. Со средбата се одбележува започнување на Европската недела на младите 2024 на која номинираните млади лица ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневна серија од средби во Европскиот парламент во Брисел заедно со 880 лица од цела Европа.

Европската недела на младите се одбележува на секои 2 години, на која фокусот се младите и зајакнување на нивниот глас. Европската недела на млади ги поттикнува младите да бидат активни граѓани, ги охрабрува да бидат дел од демократскиот живот во општеството, ги истакнува постигнувањата во полето на млади, ги промовира можностите за развој на политиките и иницијативите на ЕУ, национално и локално ниво наменети за младите.

 

Доколку сте младо лице од 18 до 30 години, имате идеи за подобрување на демократскиот живот и активно граѓанство, да присуствувате на дискусии за подобрување на статусот на младите на локално ниво, да се вклучите во дијалози со носачи на одлуки од Европскиот парламент поднесете ја апликацијата за учество на оваа средба.

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

 

Семинарот ќе се реализира во периодот од 11.04.2024 – 13.04.2024

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

 

Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

 

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн…)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 11.01.2024година(13.00ч).

Начин на аплицирање:

– Симнете ја апликацијата овде.
– Испратете ја пополнетата апликација на следната е-пошта: jovica.mitevski@na.org.mk

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте