spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Даночен застапник за ДДВ на Странско лице кое врши промет на...

УЈП: Даночен застапник за ДДВ на Странско лице кое врши промет на добра и услуги

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ НАЗНАЧЕН ЗА ДАНОЧЕН ЗАСТАПНИК ОД СТРАНСКО ЛИЦЕ
Како даночен застапник за целите на ДДВ може да биде секое правно или физичко лице кои ги исполнува следните услови:

  • да е регистрирано за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник;
  • на денот на поднесување на пријавата за назначување на даночен застапник да нема доспеани, а неплатени даночни обврски и
  • ако е правно лице да не е започната стечајна или ликвидациона постапка;
  • ако е физичко лице да не е правосилно осудено за кривично дело.

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И РЕГИСТРАЦИЈА НА СТРАНСКО ЛИЦЕ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ДДВ
Заради регистрација за целите на ДДВ и назначување на даночен застапник странското лице треба

Да се пријави заради регистрација и доделување на ЕДБ во надлежната Регионална дирекција согласно адресата на назначениот даночен застапник, преку поднесување на Пријава за регистрација “образец УЈП-РДО“ достапен на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/16 и во прилог да ги достави следните документи:

  • договор за назначување на даночен застапник;
  • потврда за резидентност од земјата во која има седиште или подружница;
  • полномошно издаденено од странското лице, преведено на македонски јазик;
  • копија од лична карта или тековна состојба од ЦРСМ за лицето назначено како даночен застапник на територија на РСМ;
  • доказ дека за назначениот даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка ако е правно лице или
  • доказ дека назначениот даночен застапник не е правосилно осуден за кривично дело ако е физичко лице.

Надлежниот даночен орган по службена должност ќе ги прибави следите докази:

  • доказ дека лицето кое е назначено како даночен застапник нема доспеани а неплатени даночни обврски и
  • доказ дека лицето кое е назначено како даночен застапник е регистрирано за цели на данокот на додадена вредност најмалу 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник.

Да се регистрира за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на доадена вредност на странско лице преку даночен застапник “образец ДДВ-01/СЛ-ДЗ“ достапен на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/252

ОБВРСКИ НА ДАНОЧНИОТ ЗАСТАПНИК НАЗНАЧЕН ОД СТРАНСКО ЛИЦЕ

  • да го пресметува данокот на додадна вредност врз основа на добиените пресметки од странското лице;
  • да поднесува Пријава за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04) во име на странското лице од кое е назначен како даночен застапник по истек на секое тримесечје;
  • да го плаќа данокот и пресметаната камата во случај кога странското лице не ја извршило уплатата во законски пропишаниот рок и
  • да води евиденции за извршениот оданочив промет од страна на странското лице.

За цели на правилно спроведување на наведените измени во Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.286 од 29.12.2023 објавен е:

  • Правилник за начинот на пријавување и регистрација на странско лице, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација заи назначување даночен застапник достапен на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/435.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте