spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу во работна посета на Факултетот за електроника и информациски...

МИОА: Министерот Алиу во работна посета на Факултетот за електроника и информациски технологии (ФЕИТ)

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу вчера беше во работна посета на Факултетот за електроника и информациски технологии (ФЕИТ), каде што оствари средба со деканот на овој факултет Владимир Атанасовски и со професорот Димитар Ташковски.

На оваа средба, министерот Алиу разговараше за зголемување на соработката со овој факултет, кој има успешна активност во областа на научно-истражувачката дејност, за примена на дигиталната технологија во подобрување на квалитетот на услугите за студентите:

,,Заедно разговаравме и за можноста за вклучување на некои активности во заедничкиот календар на двете институции, со цел да се создадат нови можности за студентите од земјава. Во свет полн со предизвици, наша должност е да се заложиме заедно како институции да ја зголемиме стапката на дигитализација во општеството, бидејќи дигиталните технологии се катализатори на општествените промени, рече министерот Алиу.

Во рамки на оваа средба деканот Атанасовски му ја презентираше на министерот програмата за иновативни студентски решенија во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, која има за цел да стимулира вмрежување помеѓу студентите од различни единици на УКИМ и нивна заедничка работа на интердисциплинарни идеи.

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...