spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Меморандум за соработка со Државниот завод за ревизија

МЗ: Меморандум за соработка со Државниот завод за ревизија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и главниот државен ревизор од Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, потпишаа меморандум за соработка со цел унапредување на меѓусебните односи во областите кои се од заеднички интерес за двете институции. Потпишаниот меморандум за соработка предвидува редовна комуникација, соработка и размена на податоци од областа на здравството.

-Со главниот државен ревизор Ацевски планираме да реализираме значајни активности, како изработка на модул за извештаи од работата на здравствените установи во рамки на националниот систем за електронска евиденција во здравството за потребите на Државниот завод за ревизија. Извештаите треба да содржат податоци од регистрите кои се водат во националниот систем и да понудат прегледи по различни критериуми – преглед на медицинска опрема кај здравствените установи, тековна состојба со податок за датум за ставање во употреба, како и преглед на објавени слободни термини, зафатени и не зафатени термини на дневно, месечно, годишно ниво или за определен период, по установа и специјалност, вели министерот Меџити.

Извештаите треба да содржат и преглед на издадени регуларни, приоритетни и итни упати по установа и специјалност на месечно ниво или за определен период, како и преглед на реализирани упати (регуларни, приоритетни, итни, сервисни) на месечно ниво по установа и специјалност или за определен период.

Со потпишаниот меморандум, Министерството за здравство и Државниот завод за ревизија се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба, но и сите добиени податоци и информации согласно со овој договор да ги користат исклучиво за потребите на спроведување на постапки за ревизија.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте