HomeМинистерстваМОН: Магистерски стипендии во Латвија за 2024 година

МОН: Магистерски стипендии во Латвија за 2024 година

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука информира дека Академијата за уметност на Латвија ја споделува можноста за учество на студенти од Република Северна Македонија во програмата за магистерски студии The Service Design Strategies and Innovations (SDSI).

 

Програмата SDSI е отворена за апликации за претстојната 2024 академска година и се издвојува како единствена програма на Еразмус Мундус во областа на дизајнирање услуги, која е кофинансирана од Европската Унија. Оваа програма нуди неколку придобивки за меѓународните студенти:

 

1. Најдобрите 20 апликанти ќе добијат  стипендија од 1.400 евра месечно.

2. Сеопфатно здравствено осигурување за сите студенти.

3. Меѓународна средина – глобална заедница на студенти и факултети.

4. Меѓународна мобилност со локации за студирање во Латвија, Финска и Естонија.

5. Партнерски универзитети: SDSI е заеднички имплементиран од конзорциум на Академијата за уметност на Латвија, Универзитетот во Лапонија, Естонската академија за уметности и Стокхолмската школа за економија во Рига.

 

Краен рок за аплицирање на студиите кои започнуваат во септември 2024 година е до 23 февруари 2024 година.

Дополнителни информации околу самата програма може да се најдат во брошурата која е дадена во прилог на оваа објава.

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија