spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија значајно придонесе за ОБСЕ и за европската безбедност

Северна Македонија значајно придонесе за ОБСЕ и за европската безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вчера во Виена, Австрија се сретна со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На средбата беше поздравено успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.

На состанокот, двајцата соговорници констатираа дека претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ претставуваше комплексна задача, која земјата успешно ја заврши во услови на најголема безбедносна и геополитичка криза на европскиот континент после Втората светска војна.

Премиерот Ковачевски, на средбата, истакна дека како членка на Тројката, Северна Македонија е подготвена да ја пружи сета поддршка на актуелниот претседавач – Малта и да продолжи да придонесува во процесите за севкупната европска безбедност и стабилност.

Соговорниците разговараа за претстојните изборни процеси кои следат во Република Северна Македонија и ја истакнаа важноста на ОБСЕ на тој план.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...