spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

МТСП: Тренчевска – Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на министерството.

Ваквата иницијатива беше поттикната на претходни средби помеѓу министерката Тренчевска и директорот Марјановиќ каде беше разговарано за начини на кои може да се поддржат децата кои се сместени во згрижувачки семејства и штитениците на Министерството за труд и социјална политика.

 

Тренчевска на средбата истакна дека за неа од особена важност се партнерите со кои се поттикнуваат нови иницијативи и истите се доведуваат до реализација, особено кога се работи за иницијативи кои го допираат квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Актите кои ги носи секторот Инспекторат ќе бидат достапни на...

0
Заради поголема транспарентност и отчетност кон јавноста, Општина Карпош на својата официјална веб страница ќе ги објавува актите кои на неделно ниво произлегле, односно...