HomeМинистерстваМТВ: Ја зголемуваме соработката со двете земји

МТВ: Ја зголемуваме соработката со двете земји

spot_img
spot_img

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н.Е. Петра Дрекслер.

 

Министерот Бочварски информираше за силниот инвестициски циклус во инфрастурктурата со посебен осврт на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

 

Тој на средбата истакна дека и Северна Македонија го либерализираше железничкиот пазар, процес нотиран од страна на Европската Комисија.

 

Исто така на средбата се разговараше и за добрата поврзаност со Германија во делот на авиосообраќајот.

„Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и таа несомнено треба да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Северна Македонија е посветена на евроинтеграциите, а поддршката од Германија е повеќе од добредојдена. Имаме одлични релации во авиосообраќајот и во делот на патниот транспорт, каде минатата година го зголемивме контингентот на дозволи за македонските транспортери и тоа во делот на билатералните дозволи, транзитните дозволи и за и од трети земји.“ истакна министерот Бочварски.

 

На средбата министерот Бочварски се заблагодари за силната поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија