spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2023 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), Финансиски дејности
и дејности на осигурување (4.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38 359 денари.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте