spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Проект за водоводна мрежа во општина Чучер Сандево

Град Скопје: Проект за водоводна мрежа во општина Чучер Сандево

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија и градоначалникот на општина Чучер Сандево, извршија увид во отпочнувањето на проектот за водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.
Со реализацијата на овој проект се решава горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години беа заборавени, а барањата игнорирани. Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што се обезбедува поквалитетен живот на нашите сограѓани.
Градежните активности на терен ќе опфатат реконструкции на 10 крака на улицата Бел Камен кои припаѓаат на територијата на општина Чучер Сандево и со оваа инвестиција ќе се обезбеди напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил. Овој проект се имплементира на 10 улици во Чучер Сандево, што како краци гравитираат кон главната улица Бел Камен, каде се врзуваат на водоводна мрежа со профил Ø200мм.
Воедно најавуваме дека проектната документација и постапките за изведба на канализација во Кучевишка бара се завршени, со што отпочнува во следните недели и реализација на овој децениски очекуван проект. Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите.

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Актите кои ги носи секторот Инспекторат ќе бидат достапни на...

0
Заради поголема транспарентност и отчетност кон јавноста, Општина Карпош на својата официјална веб страница ќе ги објавува актите кои на неделно ниво произлегле, односно...