spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бесплатни часови за фитнес и самоодбрана за девојки и жени

Карпош: Бесплатни часови за фитнес и самоодбрана за девојки и жени

Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош. Оваа иницијатива ја подржаа советниците од Општина Карпош како дел од проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ во рамки на Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените. За реализација на овој проект, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.

Станува збор за десетмесечна обука која ќе трае до 30. ноември, а истата ќе се одржува двапати во неделата, односно во понеделник од 21:00 до 22:00 часот и во сабота од 12:00 до 13:00 часот. Преку обуката, учесничките ќе се стекнат со техники за самоодбрана од напад на вооружен и невооружен напаѓач, за задржување на контролата, како и техники за реагирање во различни ситуации.  Овој проект има за цел да ја промовира родовата еднаквост и да го поттикне развојот на едукативни информации кои се поврзани со здравјето, виталноста и физичката култура кај жените и девојките.

Пријавувањето започнува од понеделник (29.01.2024) на следниов телефонски број  078-486-934

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...