spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ на работна средба со О`Брајан и Агелер

Маричиќ на работна средба со О`Брајан и Агелер

Во пресрет на лидерската средба на земјите на Западен Балкан, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со премиерот Ковачевски одржаа средба со стратешките партнери и блиски соработници, од Соединетите Американски Држави,  помошник секретарот од Стејт Департментот Џејмс О’Брајан и амбасадорката Анџела Агелер.

На средбата беа потврдени ставовите за следните чекори кои е потребно да се превземат во однос на успешно реализирање на водење на државата кон Европската Унија.

На средбата беше истакнато дека создавањето сојузи и креирање на мостови на пријателство и соработка во регионот се главна водечка стратегија за реализација на Планот за раст на Европската Комисија за интегрирање на државите на Западен Балкан во ЕУ.

Главните определби на средбата беа дека наши приоритети на патот кон ЕУ се заложбата за реализација на реформите, соработката, поврзувањето преку финансиските инструменти кои ќе значат стабилно и сигурно развивање на државата и на регионот.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте