HomeВладаМаричиќ: Партнерството со Литванија е уште еден чекор поблиску до ЕУ за...

Маричиќ: Партнерството со Литванија е уште еден чекор поблиску до ЕУ за Северна Македонија

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Едуардас Борисовас новоименуваниот амбасадор на Литванија во Северна Македонија, со седиште во Загреб.

Соработката и билатералните помеѓу нашите држави се основаат на пријателство, одлични партнерски односи и голема поддршка на Литванија за Северна Македонија на патот кон ЕУ заклучија Маричиќ и Борисовас.

Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО, со посветеност и јасна поддршка на Република Литванија за нашиот евро-интегративен процес.

Амбасадорот Борисовас, се залага за брза интеграција на нашата држава во ЕУ,  уверен дека нашето место е во Унијата со што граѓаните на Северна Македонија ќе се чувствуваат сигурно, стабилно и безбедно.

Со оглед на тоа дека стратегијата на Северна Македонија за евроинтеграција е со стабилен курс, веруваме дека поддршката од Литванија ќе придонесе за побрзо интегрирање, каде што споделувањето на искуството на Литванија е од исклучително значење за нас – рече Маричиќ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија