spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Реконструирана кујната во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Охрид: Реконструирана кујната во централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Градоначалникот Кирил Пецаков беше во посета на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Во рамките на развојната програма за капитални инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита, во текот на 2023 година се изврши комплетна реконструкција на кујната во централниот објект на градинката. Тука се приготвува храната за сите објекти од детската градинка, а потоа се дистрибуира до секој од нив. Со овој проект,  реконструирана е електричната и водоводната мрежа, преземени се градежни зафати за комплетно уредување на просторот во кујната, набавен е нов аспиратор и современ систем за вентилација, со што се исполнети сите неоходни стандарди кои треба да ги задоволува кујната во детската градинка. Заедничката инвестиција во овој проект на Општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, изнесуваше 3.300.000 денари.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација...