spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со УНИЦЕФ ќе се залагаме за унапредување на социјалната и детската...

МТСП: Со УНИЦЕФ ќе се залагаме за унапредување на социјалната и детската заштита во државата

напредувањето на соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, беше тема на денешниот прв официјален состанок помеѓу министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и преставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.

На состанокот беа истакнати приоритетите на Министерството за труд и социјална политика, при што министерот Велковски јасно ги потенцираше заложбите за поквалитетна заштита на децата, како и подигнување на раниот детски развој.

,,Како министер за труд и социјална политика ќе се залагам за најдобриот интерес на децата, цврсто и силно ќе застанам зад правата на секое дете и ќе се борам за поголеми инвестиции во човечкиот капитал, затоа што во тоа е нашата иднина”, рече Велковски.

Исто така, министерот потенцира дека особено внимание ќе се посвети и на унапредувањето на социјалната заштита, односно на градењето систем кој ќе ги интегрира граѓаните во активното општество.

Процесите на деинституционализација, заштита на децата со попреченост и социјалната и детската заштита се врвен приоритет и за силниот стратешки партнер УНИЦЕФ. 

Ова беше потврдено од Ди Џовани, која рече дека УНИЦЕФ ќе продолжи да учествува во креирањето на националните политики и да ги поддржува активностите на министерството во овие области и во иднина.

Извор: Mинистерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...