spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на министерот Велковски со претставници од Светска Банка

МТСП: Средба на министерот Велковски со претставници од Светска Банка

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со претставници од Светска банка, Сара Кол Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места  и Бојана Нацева, виш специјалист за обрзование.

За време на средбата се дискутираше за тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Светска Банка, како и за идни заеднички проекти.

Велковски истакна дека неговите приоритети како министер ќе бидат унапредување на социјалните услуги, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги, како и имплементирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување.

Соговорниците истакнаа дека меѓусебната соработка и понатаму ќе продолжи, пред се во интерес на повисок животен стандард, унапредување на правата и заштита на сите категории на граѓани во државата.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...