spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Напредува изградбата за проширување на капацитетите на ООУ „Коле...

Центар: Герасимовски – Напредува изградбата за проширување на капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“

Напредува изградбата на новите капацитети во ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Станува збор за доградба на 4 нови училници, лифт за учениците со потешкотии во движењето и други помошни простории. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот кој е карабина и кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември.

„Со доградбата на овие училници создаваме услови за 100 нови ученици кои наставата ќе ја следат од пријатни и осветлени простории. Со доградбата се планира и скалишно јадро кое треба да го олесни пристапот до новата доградба, а лифтот ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето. Градежните работи се планира да бидат готови до септември оваа година“, рече Герасимовски.

Проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се прави по цели 66 години и со истата се планира и пристапна рампа во приземниот дел покрај скалишниот пристап како и од задниот дел на објектот. Во внатрешниот приземен дел ќе има и тоалет за лица со инвалидитет додека веќе постојните санитарии ќе бидат наменети и за новиот дел од доградбата. Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образување на децата според модерни, европски и светски стандарди.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...