HomeОпштиниКарпош: Подобрување на воспитно - образован процес

Карпош: Подобрување на воспитно – образован процес

spot_img
spot_img

Градоначалникот Стевчо Јакимовски, вчера одржа координативна средба на која присуствуваа одговорните лица за образование, за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, како и општинската просветна инспекторка и директорките на основните училишта и детските градинки кои функционираат на територијата на локалната самоуправа. Во рамки на редовниот работен состанок се говореше за тековните активности во училиштата и предучилишните установи  кои се поврзани со Општина Карпош, но и за подобрување на нивните материјално – технички услови за работа, со посебен фокус насочен кон осовременување на наставата со ИТ опрема.

Во таа насока, Општината обезбеди сопствени финансиски средства наменети за одделенските наставници, кои оваа 2024 година ќе бидат ангажирани во продолжениот училишен престој, во кој ќе бидат згрижени четвртоодделенците од Карпош. Според официјалната статистика на општинските служби, вкупно 5.996 ученици ја следат образовната наставата во основните училишта низ локалната самоуправа.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија