spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Студиска посета во Париз предводена од ЗМНР, Исаки

МНР: Студиска посета во Париз предводена од ЗМНР, Исаки

“Родова еднаквост во дипломатијата”

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, од 14-17 јануари 2024., престојуваше во студиска посета на Париз, при што оствари бројни средби во Француското МНР.

Тридневната студиската посета на повеќечлената делегација од МНР, беше реализирана под покровителство на Канцеларијата на UN-women во Северна Македонија, а во тесна соработка и координација со Француската Амбасада во Скопје и МНР на Франција.

Целта на посетата беше да се согледаат искуствата на Франција во промовирање на родовата еднаквост во општеството и особено да се запознаат механизмите и алатките што ги применува МНР на Франција во насока на поголемо учество и застапеност на жените во креирањето и спроведувањето на националната и мултилатералната надворешна политика и дипломатијата.

Зајакната улога на жената во надворешната политика и во дипломатијата, како и  поставеноста на жените на раководни функции во МНР, но и во други државни институции, е тема што високо котира во агендата на Обединетите нации и е тренд што станува видлив и високо ценет во европскиот дискурс и политики.

За време на студиската посета ЗМНР Исаки како шеф на седум члена делегација од МНР беше придружувана од Шефот на Канцеларијата на ОН Жени, г-ѓа Весна  Ивановиќ Кастаред и г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт.

Остварени се значајни средби во МНР на Франција со Генералната секретарка  на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, г-ѓа Ан- Мари Декот, која е прва жена на оваа висока функција и силен поддржувач на феминистичката надворешна политика. Притоа, е разговарано за можностите за унапредување на билатералната соработка и на зајакната дипломатска комуникација меѓу Северна Македонија и Франција во рамките на ЕУ-интеграциите. Истотака  имаше средба со Директорката  на Одделот за човечки ресурсу, г- ѓа Ањес Ромате- Еспањ, со г-ѓа Мишел Рамис, Директорка за Америка и Кариби и Амбасадор задолжен за еднакви можности во министерството, со Заменик директотот за Континентална Европа, г- дин Силвен Гиоге и Раководителот на Одделот за Западен Балкан, г-дин Никола Фај, со Заменик директорката за глобални прашања, г- ѓа Клелија Шеврие- Колако и со Амбасадорката и Генерален секретар на Форумот за еднаквост на генерациите, г-ѓа Делфин  О, како и средбата со Амбасадорката и Раководителка на новата Канцеларија за ,,Нулта толеранција”, г-ѓа Мари -Кристин Бутел и со Здружението ,, Жени  и дипломатија”, со кои разменија најдобри практики како и научени лекции како да се унапредат жените во дипломатијата. Секако и средбите со г-ѓа Катрин Пети, Заменик директор при Генералниот директорат за социјална коезија задолжена за правата на жените и родовата еднаквост и долгогодишната активистка и политички новинар а сега претседател на Високиот совет за еднаквост меѓу мажите и жените, г-ѓа Силви Пјер-Бросолет,  допринесоа кон формирање на целосната слика за мерките што треба да се преземат на национална и меѓународна рамка и во законодавството за целосна реализација на унапредување на жените и постигнување на задолжителните квоти. 

Оценето е дека темата за родова еднаквост и поголема застапеност на жените во дипломатијата е одлична платформа за поинтензивна меѓусебна соработка, со оглед дека Франција е меѓу водечките земји во светот (покрај Шведска, Канада и други) со висок процент на правична родова застапеност (во државните институции и во дипломатијата), а Северна Македонија настојува да ја афирмира таквата политика во македонското општество и во Регионот.

Во тој контекст, беше споменато и успешното организирање и ефектот од регионалната конференција на тема „Жените во надворешната политика“, што во последните три години 2021, 2022, и 2023 година, ја организираше МНР на Северна Македонија.

На средбите беше разговарано и за искуствата и функционирањето на француската Асоцијација на дипломатки, како и нивната вмреженост со дипломатската служба на ЕУ, со покажана заедничка волја и интерес за поврзување на тие мрежи со регионалната мрежа на Жени-дипломатки од регионот на Западен Балкан.

Констатирана е потребата од спроведување редовни обуки во МНР за родова еднаквост за сите дипломати, при што француските претставници изразија подготвеност да ја посетат Република Северна Македонија, каде би одржале тематски фокусирани предавања.

Договорена е и натамошна поинтензивна соработка, во насока на споделување на француските искуства за родовата еднаквост (квоти, правни акти и зголемена процентуална застапеност на жените во дипломатијата и на раководни функции).

ПОГЛЕДНЕТЕ : ??

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте