spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен

Бутел: Целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен

Местото кое досега беше заборавено од сите и каде што не се инвестираше, ќе добие подобрени услови за живот.

Општина Бутел започна со целосна реконструкција на 3 улици во населеното место Бел Камен, коишто се под надлежност на општината. Овие улици ќе добијат нов асфалт, по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт.

Овие инфраструктурни зафати коишто се преземаат во сите населени места, значат надминување на постоечките проблеми кои се недозволиви.

Нема заборавени места, локалната самоуправа вложува во сите места рамномерно.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте