spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Стефковски ги сподели воведените позитивни практики во унапредување на...

Гази Баба: Стефковски ги сподели воведените позитивни практики во унапредување на комуникацијата со граѓаните

Градоначалникот Бобан Стефковски вчера утрото се обрати на тркалезната маса во организација на Меѓународниот републикански институт ИРИ со цел да ги сподели воведените позитивни практики кои Општина Гази Баба ги реализираше во насока на унапредување на комуникацијата со граѓаните.

 Градоначалникот Стефковски изминативе две години меѓу другото, ги реализираше и трите цели кои се во насока на унапредувањето на комуникацијата со граѓаните, а тоа се:

 Воспоставување на двонасочна комуникација со граѓаните на Општина Гази Баба;

 Обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност на своето работење кон граѓаните и сите чинители во општината; и

Обезбедување на партиципативност на граѓаните на Општина Гази Баба во носењето на крупните стратешки и инвестициски одлуки, а пред и над се во носењето на буџетот на општината.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте