spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Поставена нова сообраќајна сигнализација

Илинден: Поставена нова сообраќајна сигнализација

Со цел подобрување на патната инфраструктура и превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, континуирано се спроведува Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Во таа насока на повеќе локации во Општината е извршено поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, такашто извршено е бележење на улица „532“ во должина од 2km, бележење на патот Илинден-Хиподром во должина од 2km, бележење на улица „11“ во Кадино, поставени се и сферни огледала на неколку локации. Согласно сообраќајниот проект и согласност добиена од МВР, поставени се подигнати површини (легнати полицајци) кај новото училиште во Илинден, кај ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, кај ООУ „Ристо Крле“ во Кадино и кај подрачното училиште во Мралино.

Добрата патна инфраструктура, соодветната хоризонтална и вертикална сигнализација, но и почитувањето на сообраќајните правила и прописи се главен услов за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Затоа, во иднина ќе продолжиме со инвестициите во оваа област, но и со апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат катастрофални.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте