spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Потпишана Декларација за активна заштита на животна средина и ублажување...

Ѓорче Петров: Потпишана Декларација за активна заштита на животна средина и ублажување на климатските промени

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски со претставникот на ,,CNVP Foundation” Кристина Бужароска, потпиша Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

-Општина Ѓорче Петров ја демонстрираше својата посветеност за зачување на животната средина со активно учество на настанот фокусиран на „Локалниот пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“ – рече Стојкоски.

Како локална самоуправа, додаде, ги преземаме конкретните обврски наведени во Зелената агенда за Западен Балкан, нагласувајќи ја клучната улога што ја имаат општините во справувањето со еколошките предизвици.

-Општина Ѓорче Петров останува посветена на поттикнување на одржлива и еколошки свесна заедница, препознавајќи ја важноста на локалната акција во придонесот кон пошироките регионални и глобални еколошки цели – нагласи Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте