spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Ново детско игралиште во Дељадровци

Илинден: Ново детско игралиште во Дељадровци

Пуштено во употреба ново детско игралиште во  Дељадровци во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашки, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Новото детско игралиште се наоѓа во рамки на новоизградениот парк кој веќе извесен период го користат жителите од ова населено место, за дружење и рекреација, такашто и сега новоизграденото детско игралиште ќе биде одлично надополнување на целиот простор, а децата од Дељадровци добија ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава. Во наредниот период просторот ќе биде партерно уреден со павер елементи.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте