Вчера 7ми февруари, 2024 година, официјално се отвори и започна со работа првата експозитура на Иуте во Велес, а вкупно 11-та на територијата на Македонија.
Отворањето на новата експозитура е дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, што само во првиот квартал предвидува отворање на уште пет нови експозитури ширум државава.
На тој начин жителите на овие градови ќе добијат можност освен преку дигиталните канали и , да стапат во контакт со претставници на Иуте и физички, добивајќи пристап до обучен тим на советници кои можат да им понудат на клиентите најдобра понуда и совети за подобро финансиско планирање.
По повод отворањето на експозитурата, компанијата Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Велес (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.
”Иуте помина долг пат за да стигне до одредено ниво на дигитална трансформација и имплементирање на напредно корисничко искуство, а воедно е и единствена компанија што поседува мобилна апликација преку која може брзо и безбедно да се заврши процесот од аплицирање до добивање на средствата. Од друга страна, сакаме да бидеме поблиску и на располагање на сите клиенти што поудобно се чувствуваат кога лично комуницираат со нашите вработени, а една од главните задачи ни е да излеземе пресрет на нивните потреби. На тој начин,како што се зголемуваше интересот за нашите услуги, така растеше и бројката на експозитури. Паралелно со процесот на експанзија, ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме на унапредување на дигиталните процеси и автоматизација, особено во делот на корисничкото искуство. Со голема одговорност ја прифативме улогата не само на лидер на пазарот, туку пред сé и лидер во едукација на клиентите”- изјави Анета Ѓеорѓиев, директор на одделот за корисничко искуство во Иуте.
Експозитурата на Иуте во Велес која што е лоцирана на улица „Архиескоп Михаил 4“ (поранешна ул. „Владимир Назор“), ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.
Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со седиште во Талин, на крајот на минатата година официјално се ребрендираше и продолжи да работи под името Иуте Македонија. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе понуди и платежни услуги и осигурување.
Извор: Иуте Кредит Македонија