spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за ректори/проректори за учество - Зајакнување на меѓународната димензија...

НАЕОП: Јавен повик за ректори/проректори за учество – Зајакнување на меѓународната димензија во високото образование „Можности за меѓународна соработка помеѓу Медитеранската мрежа (MedNet) и африканските земји “

Јавен повик за ректори/проректори за учество на  активност за обука и соработка

Еразмус+ 2021-2027: Зајакнување на меѓународната димензија во високото образование

 „Можности за меѓународна соработка помеѓу Медитеранската мрежа (MedNet) и африканските земји

04.03.2024 – 07.03.2024

Бен Гурир, Мароко 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националните агенции на земјите од Медитеранската мрежа на Еразмус+ програмата и тоа: Кипар, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија и Турција, организира меѓународна активност за обука и соработка во полето на високо образование.

Во таа насока, Националната агенција објавува јавен повик за учество на 4 учесника за учество на активност за обука и соработка на тема „Можности за меѓународна соработка помеѓу Медитеранската мрежа (MedNet) и африканските земји” во Бен Гурир, Мароко во периодот 04.03 – 07.03.2024 година

Цели на настанот:

Настанот има за цел зајакнување на меѓународната димензија во високото образование преку програмата Еразмус+ 2021-2027.

На семинарот ќе присуствуваат претставници од високообразовните институции (целна група – ректори и проректори) од Медитеранската мрежа, јужно-медитеранските држави и Африка, кои ќе имаат единствена можност да се вмрежат, да создадат партнерства, да споделуваат добри практики и свежи идеи, со цел да се осмислат нови проекти како дел од децентрализираните и централизираните акции во програмата Еразмус+.

Во работната програмата предвидено е да има баланс помеѓу: работните сесии за презентирање и разбирање на можностите што ги нуди Еразмус+ програмата и за претставување идеи за идни проектни апликации, но и социјални и културолошки активности за да им се овозможи на учесниците да се запознаат, да дојдат до идеи за идна соработка и да ги зајакнат интернационалните партнерства.

Очекувани резултати:

Да се зголеми свесноста за можностите што ги нуди Еразмус+ програмата во високото образование, преку информации за децентрализираните и централизираните акции, во кои право на учество имаат јужно-медитеранските земји и универзитетите од африканските земји.

Да се идентификува синергијата помеѓу децентрализираните и централизираните акциии од Еразмус + програмата.

Да се истакне и зголеми потенцијалот за интернационална соработка помеѓу европските земји и земјите од Африка, преку размена на искуства и добри практики.

Да се планираат и креираат предлог-проекти во КА171-Меѓународна кредитна мобилност, како и во релевантни централизирани акции во програмата Еразмус+ 2021-2027.

Целна група: Ректори и/или проректори од универзитетите во Република Северна Македонија

Забелешка: Приоритет при изборот ќе имаат учесници кои не присуствувале на активности на обука и соработка досега

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 04.03.2024 – 07.03.2024

 (04.03.2024 е ден на пристигнување, 07.03.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот (Национална агенција – Грција) ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 10.02.2024 година.

Аплицирање:ERASMUS+ 2021-2027: Strengthening International Dimension in Higher Education “Opportunities for international mobility and cooperation between MedNet and African countries”. (google.com)

Забелешка: Известени и контактирани од страна на организаторот на  активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...