spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВисоко ја цениме поддршката на Швајцарската Конфедерација за демократскиот развој на Северна...

Високо ја цениме поддршката на Швајцарската Конфедерација за демократскиот развој на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери вчера се сретна со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Вероник Улман Марти.  

На средбата, премиерот и амбасадорката ги потврдија заложбите на двете земји за соработка, меѓусебно почитување и пријателство меѓу двете држави и изразија задоволство од 30 годишниот јубилеј на дипломатските односи кој се одбележува токму оваа година.

https://youtube.com/watch?v=Y6KSmjLqQEE%3Fsi%3DqFDivjpSxhm_9TUE

„Во изминатите 30 години, воспоставивме и развивме одлична соработка на сите нивоа – Влада, Собрание и граѓани, а нашата бројна заедница која живее во Швајцарија, е силен мост на поврзување меѓу двете земји”, истакна премиерот Џафери.

Понатака, тој истакна дека Северна Македонија високо ја цени подготвеноста на Швајцарската Конфедерација за развојот на Република Северна Македонија, преточена во Стратегијата за поддршка. Како најголем билатерален донатор на нашата земја од осамостојувањето до денес, поддршката и развојната помош на Швајцарија за Северна Македонија го помага не само демократскиот развој на земјата, туку е и комплементарна со европската интеграција.

Амбасадорката Улман, му го честиташе изборот на премиерот Џафери истакнувајќи дека Северна Македонија уште еднаш покажа дека е успешен пример за функционална мултиетничка демократија и дека поставува стандарди кои треба да ги следат и други земји во регионот и светот.

Поздравувајќи го јубилејот од 30 години дипломатски односи, Улман изрази задоволство што двете земји постигнаа многу резултати во тој период и можат да бидат горди на успесите.

На средбата се разговараше за актуелни прашања од внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија и одржувањето на претстојните избори.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...